КОЈ ИМА КИНДЕР ОД АРЛОН ДА ГО ВРАТИ ВО ПРОДАВНИЦА: Се повлекуваат сите производи од оваа фабрика

Од пазарот се повлекуваат сите производи на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, соопшти Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава.

Се повлекуваат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.

Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.

Детали читајте на Фактор тука.