Која е најдобра четка за вашата фризура: Ќе ви олеснат расчешлување и стилизирање, вредни за секој денар
Фото: Instagram/nikaturkovic
Многу често расчешлувањето на косата или пак нејзиното стилизирање е вистински „пекол“ за жените доколку покрај себе ги немаат вистинските производи
Во таа ситуација пријатели ви се разни производи за стилизирање, особено спрејовите за расчелување на косата. Исто така, добро е да додадете малку текстура на вашата коса, да речеме кадрици или бранови.
Освен тоа, се разбира, важно е и правилното уредување на фризурата. Поточно, важно е да ја потстрижете косата на таков начин што ќе го подигнете изгледот на тенката коса. Најдовме шест фризури идеални за тенка коса, како и четки со чија помош ќе може да ги направите:
Свиткани врвови
Фото: Instagram/ chadwoodhairАко не сакате да се откажете од вашата долга коса, витканата фризура е совршена за вас. Ако имате тенка коса не мора да значи дека веднаш треба драстично да ја скратите, само треба добро да ја стилизирате. Оваа фризура лесно се прави дома доколку сте вешти со четка од Zshop и фен.
* кликнете на фотографијата за повеќе информации
Оваа фризура беше хит во 60-тите, потоа 90-тите и сега повторно е. Дава волумен на тенката коса, која инаку би изгледала безживотно.
Пикси фризура
Фото: Instagram/ pixie_tendencia
Ако сте меѓу оние кои се подготвени за целосна промена на имиџот, пикси фризурата е идеална. Кратката, речиси момчешка фризура ќе додаде текстура и волумен на тенката коса.
* кликнете на фотографијата за повеќе информации
Не мора да биде сосема средена, напротив, колку е понеуредна, толку подобро изгледа. И лесно е да ја стилизирате доколку имате едноставна четка за коса.
Боб фризура
Фото: Instagram/ budu.hairБоб е апсолутен есенски хит. Без разлика дали е малку подолг, момчешки, разбушавен или класичен, боб е секогаш „ИН“.
* кликнете на фотографијата за повеќе информации
Пократките фризури обично се подобри за тенка коса, а исто така лесно се стилизираат со оваа четка со керамичко-вентилирачки цилиндар, јонизирани иглички и рачка изработена од бамбус, која има јонска обвивка на игличките и ја прави косата помазна и посјајна, без разлика дали сакате права или брановидна фризура.
„Завеса“ шишки
Фото: Instagram/ matildadjerf
Овие шишки се прославија уште во седумдесеттите, а супер кај нив е што изгледаат одлично на сите форми на лице, како и на секој тип на коса. Со нив нема толку работа како со обичните шишки и не мора да одите толку често на фризер за да ги поправите.
* кликнете на фотографијата за повеќе информации
Може да ги поправате дома со едноставно чешлање со оваа четка со ергономски дизајн и преубава пурпурна боја. Ако додадете некои остри постепени слоеви, косата ќе добие волумен.
Скриени слоеви
Фото: Instagram/ lindsayshairДолго време слоевитите фризури беа забранета зона за оние со тенка коса. Имено, при сечењето на косата косата станува поретка и тоа дополнително може да придонесе за тенок изглед на косата. За среќа, експертите дошле до скриените слоеви.
* кликнете на фотографијата за повеќе информации
Тие се под косата, поблиску до темето и така кратките слоеви даваат волумен на подолгите прамени кои се во преден план, а нивното стилизирање е многу полесно со оваа четка со уникатен дизајн за масажа на косата и скалпот. Се пропорачува и може да се користи и за мокра и/или сува коса. Има пластични влакна и е дизајнирана со антистатичката активна јонска технологија која овозможува спречување на електростатичкото полнење на косата. Со тоа косата истовремено се третира и се штити, што резултира со здрав сјај и подобрена текстура. Кутикулата на влакното останува затворена што спречува сушење на косата.
Модерна „фудбалерка“
Фото: Instagram/nikaturkovic
Без разлика дали го прифаќаме тоа или не, „фудбалерката“ се враќа во модниот свет и изгледа подобро од кога било. Оваа трендовска фризура изобилува со слоеви, толку многу што дури и најтенка коса изгледа обемно.
* кликнете на фотографијата за повеќе информации
Она што е интересно за една ваква фризура е тоа што таа може лесно да се обликува со оваа четка со променлив цилиндер со керамичко-вентилирачко јадро за побрзо и полесно фенирање и обликување на косата. Буквално разбушавете ја, додајте пена за волумен и готово, имате фризура.
Извор: stil.kurir.rs