Која е волшебната Кармен: На 91 година се фотографираше гола и светот остана без здив (ФОТО)

Имаше само 13 години кога влезе во светот на модата, а денес е најстариот модел во светот

Кармен Дел Орефис е најстарата манекенка во светот. Има 91 година и доминира во светот на модата. Кога ќе се појави на сцената, сè застанува. Нејзините фотографии го одземаат здивот - како може оваа жена да изгледа толку добро?

Кармен Дел Орефис имала само 13 години кога била откриена додека патувала на часови по балет.

Нејзиното воспитување било „спартанско“. Таа била ведро дете од сиромашно домаќинство, подготвено за секакви чудни работи кои финансиски ќе им помогнат на родителите.
Со чиста среќа, таа стана модел, а штом ја доби првата работа во студиото „Вог“ на авенијата Лекингтон, на сетот ја чекаа фотографите Ирвинг Пен, Сесил Битон и Џон Ролингс.

View this post on Instagram

A post shared by (@roberto_pietri)


Четири пати била „девојката од насловната на ВОГ“, иако вели дека се расплакала кога ја видела првата насловна страница на киоскот. „Изгледав како момче“, се присетува таа во едно интервју од 1983. 

Кармен има убави спомени од култниот моден магазин „Вог“ бидејќи на 15-годишна возраст се најде на насловната страница на модната библија.

Сега, на 91 година, во соработка со магазинот „New You“ направи нов „ризичен“ сет од фотографии.

Орефис позираше целосно гола пред фотографите, а како што пишува „Пејџ сикс“, воопшто не ѝ било непријатно, а и зошто би ѝ било кога изгледа неверојатно.

извор:stil.kurir