Колач од моркови по старински рецепт: Превкусен и лесен за правење

Добивај вести на Viber

Сигурно веќе ги имате сите состојки за овој десерт дома

Состојки:

2 јајца

200 гр шеќер

1 dl масло

300 гр моркови

250 гр брашно

1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

малку цимет


Подготовка:

1. Јајцата и шеќерот се матат убаво, па се додаваат маслото, ренданиот морков и сите останати состојки.

2. Вклучете ја рерната на 175 степени. Истурете го тестото во намрсена и набрашнета тава и печете го околу 40 минути.

3. Печениот и ладен колач по желба посипете го со шеќер во прав или премачкајте го со чоколадна глазура.

Извор: stil.kurir.rs

*пр-објава