Колач од сливи за кој сите бараат рецепт: Толку е лесен за подготовка што секој може да го направи

Добивај вести на Viber

Нема да може да почекате да се излади

Состојки:

4 јајца

150 гр шеќер

300 гр брашно

2 лажички прашок за пециво

100 гр путер

10 големи лажици млеко

сок од 1 лимон

1 лажичка екстракт од ванила

350 гр сливи


Подготовка:

1. Прашокот за пециво измешајте го во брашното. Растопете го путерот на тивок оган. Измијте ги сливите, исечете ги на половина (или по желба исечете ги на четвртинки) и извадете ги јамките.

2. Јајцата се матат со шеќерот додека смесата не добие светло жолта боја и се удвои. Полека додадете растопен млак путер (не топол), сок од лимон и млеко, па екстракт од ванила. На крај додајте го брашното додека матете со миксер на мала брзина.

3. Плехот намачкајте го со путер или масло и посипете со презла. Истурете ја смесата и одозгора наредете ги сливите. Колачот се пече на 180 степени околу 30 минути. Готов е кога ќе добие убава златна боја и ќе се одвои од рабовите на тавата.

4. Можете да го послужите со топка сладолед од ванила или малку изматена слатка павлака.

Извор: stil.kurir.rs