Колач со јаболка и гриз кој мириса на есен: Една состојка му дава магична арома, а вкусот долго се памети
Побрз или поедноставeн колач нема, а тоа што има толку божествен вкус и мирис покажува фактот што останува најпопуларен во есенските денови
Состојки:
1 јајце
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за пециво2 чаши рендани јаболка
1 шолја гриз1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер1/2 чаша масло
1/2 чаша млеко
половина кесичка цимет
шеќер во прав за посипувањеПодготовка:
Јаболката исчистете ги и изрендајте ги, па додајте шеќер и ванилин шеќер и оставете ги да испуштат сок.
Во сад измешајте ги сувите состојки: брашното, прашокот за пециво, циметот, гризот, шеќерот и ванилиниот шеќер, па постепено додавајте масло, млеко и јајце додека мешате. Добро изматете.
Обложете го плехот за печење со хартија за печење, а потоа истурете половина од смесата на дното и протресете ја да се распореди рамномерно.
Потоа наредете го филот со јаболка, па покријте го со преостанатото тесто.
Се пече во рерна загреана на 180 степени, додека чепкалка вметната во средината на колачот не излезе сува, најмалку 25 минути.
Кога ќе се излади, посипете со шеќер во прав.
Извор: glossy.espreso.co.rs*пр-објава