КОМПЛЕТНАТА ПРОГРАМА НА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

Добивај вести на Viber

Од 6 – 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот Скопје Синема Сити. Оваа година ССС влезе во својата четврта година откако се организира и по тој повод, во текот на годината организираме 4 филмски настани. Централно место во програмата на Синема Сити зазема музиката и нејзиното филмско претставување.

Како што претходно беше објавено фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот се прикажа премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а се прикажа и на Берлинале во февруари оваа година. Севкупно ќе се прикажат 15 филмови за овие 5 фестивалски денови.

Фестивалот има и претфестивалска програма односно ќе се отвори изложба на џез фотографии на реномираната џез фотографка Татјана Ранташа со фотографии на истакнати македонски џез уметници од различни генерации насловена како„Македонска џезтетика - Ранташа Татјана, фотографии“ (Macedonian Jazzthetics - Rantasha Tatjana, photography“). Паралелно со нејзината изложба свој настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет. Бидејќи централно место има музиката оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез филмови и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа „Blue Note Records: Приказна за современиот џез“, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата Види Вака за Зоран Маџиров  и Драган Ѓаконовски Шпато.

Покрај посветата на Сакамото, вториот ден фестивалот ќе му оддаде почит и на најпознатиот композитор на денешницата, Филип Глас со прикажување на филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“.

На 08.06 ќе бидат прикажани посебен осврт на артисти кои го носат белегот на необични, авангардни и шарени. Покрај веќе спомнатиот Сан Ра, ќе се прикаже филмот „Лунарна Орбита“ за познатиот електронски состав The Orb, за да после нив следи Визијата за рајот на Ли Скреч Пери.

На 09.06. Ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез пијанисти на сите времиња и „Буена Виста Соушал Клаб, Адиос“, за кубанскиот феномен.Покрај овие филмови ќе се прикажат и два филма на македонскиот режисер Јoрдан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и „Conquering Lion“ инаку дел од Телма докубенд серијалот.За завршниот ден ќе бидат прикажани филмовите „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“.

Сета програма на фестивалот ќе се случува во Кинотека на Македонија а продажбата на картите ќе се случува на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Ќе има три вида на билети, поединечни по филм, дневни и блок карти. Тие ќе бидат по цена од 150 и 100 денари зависно од проекција, дневните се по 250 денари, а блок картата 850 ден.

За подетални информации посетете ги нашата веб страница: www.nomad.com.mk и Фејсбук страницата: https://www.facebook.com/events/158811351620526/

Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм, а одделни компоненти се поддржани и од Министерството за култура на Република Македонија