Кратка, со средна должина и долга коса: Три фризури за лето со кои секогаш ќе изгледате одлично

Добивај вести на Viber

Само што пристигнаа првите топлотни бранови, а според фризерите има три фризури, по една за секоја должина на коса, со кои можете да изгледате одлично цело лето.

1. Совршена летна фризура за кратка коса - моќен пикси


Тоа е фризура што е создадена за да ги нагласи цртите на лицето и да се фокусира на вашите очи, усни... Оваа фризура е исто така фантастичен избор за топлите денови.

Повеќето од нас знаат дека долгата коса во летните месеци може да биде кошмар, но затоа моќниот пикси е создаден за сите предизвици што ги носи летото. Една од причините зошто е тоа така е фактот што вашата коса нема да се залепи за грбот и вратот, а освен тоа, посебно одржување не бара и стајлирањето не одзема многу време.

2. Совршена фризура за коса со средна должина - класичен боб

View this post on Instagram

A post shared by Serena Wyllie Makeup (@serenawylliemakeup)


Класичниот боб е неверојатно шик фризура која исто така им остава простор на грбот и вратот за да ѝ дозволите на вашата кожа да дише. Бидејќи станува збор за фризура која тешко се собира во опавче, можете да носите боб така што ќе ја потскратите повеќе наназад. Така вашето лице ќе биде слободно. Друга опција е да ја обликувате косата во брановидни бранови кои се создадени за летните месеци.

Во секој случај, бобот е една од наједноставните фризури за одржување и изгледа одлично кога се носи на кој било начин, поради што има толку многу обожаватели.

3. Совршено фризура за долга коса - степени

View this post on Instagram

A post shared by Shaylee Eldridge, Hairstylist (@hairbyshaylee)


Ако имате долга коса слоевите-степените се одличен начин да ја истенчите и да ја намалите нејзината тежина, а кон тоа се стремат многумина во летните месеци.

Слоевите се одлични и за додавање текстура, а ако имате коса со природна текстура, како бранови или локни, слоевите уште повеќе ќе ги нагласат.

Секако, „минус“ на оваа фризура доколку сакате да носите пуштена коса е тоа што вратот и грбот нема да ви бидат најсреќни, но од друга страна ќе изгледате неверојатно.


Фото: Инстаграм