Криела цела година! Ријана во врска со ново момче

- Секогаш мислеше дека Ријана е кул и убава, но не сакаше да ја премине границата бидејќи тие се многу блиски пријатели - изјави извор близок на Асап Роки

Американската пејачка Ријана (32) и раперот Асап Роки (32) беа фотографирани заедно во Њујорк, што ги потврди приказните дека се во емотивна врска веќе една година.

Сопственичката на безвременскиот хит „Амбрела“ и раперот се фотографирани во ресторанот „Беатрис Ин“ со пријателите, потврди извор во понеделникот.

Двојката седеше на маса и вечераше, а гласините дека се во врска започнаа уште во декември 2019 година, кога заедно позираа на „Модните награди“ во Кралскиот Алберт Хол во Лондон. Подоцна, тие заедно ја прославија Новата година во Њујорк.

Таа ја прекина врската со арапскиот милијардер Хасан Џамил во јануари 2020 година по 3 години врска, а веднаш после тоа, во февруари, започнаа да кружат гласини дека таа „флертува“ со Асап Роки веднаш штом раскинала со саудискиот бизнисмен.

- Секогаш мислеше дека Ријана е кул и убава, но не сакаше да ја премине границата бидејќи тие се многу блиски пријатели - изјавил извор близок до раперот во тоа време.

Роки беше поврзан со Кендал Џенер пред Ријана и тие наводно биле во врска помеѓу 2016 и 2017 година, додека Ријана се забавувала со Крис Браун и раперот Дрејк пред него.


Фото:Tanjug/AP / Инстаграм/badgal__rihanna