Лепа Лукиќ заврши на инфузија, па откри како се чувствува: „Не сум добро, болна сум“

- На лекови сум. Ќе биде добро – изјави пејачката

Пејачката Лепа Лукиќ откри дека не се чувствува добро и дека морала да побара лекарска помош поради здравствени проблеми.

Имено, Лепа со денови е болна и веќе една недела оди во Здравствен дом за да прими инфузија.

Пејачката не криеше дека не се чувствува добро, па раскажа какви здравствени проблеми имала, но и како се чувствува сега.

-Не ми е добро, болна сум, настинав, примив инфузија, многу малаксав. Од грипот, или што и да беше - изјави пејачката.

- Ќе биде добро, но мора да помине, ме фати и грлото, па ме болеше главата, ме убиваа мускулите, зглобовите, но сега се' помалку - изјави Лепа за Република.рс.

извор:telegraf.rs