Лесен рецепт за освежувачко фрапе од јагоди: Идеален летен оброк за сите генерации

Добивај вести на Viber

Овој кремаст напиток ќе претставува вкусно и слатко освежување за најмалите, но ќе му се израдуваат и возрасните во семејството. Може да се украси со шлаг и парчиња овошје кои ќе го збогатат неговиот вкус, a дополнително ќе му обезбеди правилно варење на Вашиот дисгетивен систем.

Состојки:

500 гр јагоди

150 гр шеќер во прав

2 кесички ванилин шеќер

5 дл Баланс+ јогурт

2 дл изматена слатка павлака

малку лимонов сок

Подготовка:

1. Исчистените и измиени јагоди исецкајте ги на мали парчиња, нанесете врз нив шеќер, ванилин шеќер и оставете да отстојат 45 минути.

2. Потоа изматете ги, додајте го јогуртот и лимоновиот сок, па лесно измешајте ја и слатката павлака.

3. Ставете во чаши и оставете ги да се изладат во фрижидер.

4. Уживајте во ова освежувачко фрапе од јагоди, кое е идеален летен оброк за сите генерации, со тоа што Баланс+ јогуртот ќе направи зголемување на бројот на добри бактерии кои ќе Ви помогнат да ја вратите рамнотежата во телото.