Летен десерт без печење: Торта со џин тоник

Добивај вести на Viber

Љубителите на џин тоник ќе го обожаваат овој десерт. Освежителен е и лесно се подготвува.

Состојки:

-200 грама чајни колачи

-100 грама путер

-500 грама крем сир

-25 грама шеќер во прав

-50 мл џин

-1 лажичка лимета (или лимонов сок)

-100 грама бела чоколада

-300 мл слатка павлака

Подготовка:

1. Прво од чајните колачи направете мрвици. Можете  да користите блендер. Измешајте ги со растопениот путер и смесата ставете ја во сад за колач со пречник од 20 цм. Ставете во фрижидер.

Додека основата со кексот стои во фрижидер, во голем сад измешајте го крем сирот, шеќерот, џинот, сокот од лимета и рендан лимон. Мешајте додека не добиете мазна смеса. Стопете ја белата чоколада и оставете околу две минути да се излади, а потоа измешајте со кремот.

Посебно изматете ја слатката павлака и нежно измешајте ја со смесата од бело чоколадо и крем сир. На крајот кремот прелијте врз кексот и ставете во фрижидер најмалку шест часа, а пожелно е колачот да отстои преку ноќ.

Секако, тортата послужете ја со чаша џин тоник.