Лицето на Деми Мур ги крши сите правила на физиката: Пред три години беше целосно ботоксирана, а сега подмладена до неверување
Актерката Деми Мур се појави на ревијата на Каролина Херера како дел од тековната модна недела во Њујорк. Таа се појави во фустан со прав крој и наметка во истиот дезен. Изгледаше многу елегантно додека седеше во првиот ред со уредничката на американскиот „Вог“, Ана Винтур и актерката Дијана Кругер. Нејзиното лице привлече големо внимание.
Во 2021 година, Деми Мур изгледаше толку необично на ревијата на Фенди на модната недела во Париз, каде што се појави како модел, при што појавија гласини за нејзиното ботоксирано лице.
„Мислам дека нема сомнеж дека имала интервенција. Тоа се гледа на прв поглед, според фотографиите што ги имам видено се работи за ставање филери во пределот на образите. Можно е и со таа С-формација на лице да се отстрани тој „буцкаст изглед“. Тоа е еден мал зафат со која се отстранува мал дел од масните наслаги на образите преку устата и ви ја дава таа С-линија, која ја има цел Холивуд“, го коментираше изгледот на Деми Мур естетскиот хирург Синиша Глумичиќ.
Како што додал естетскиот хирург, „постои можност за нанесување ботокс во периоралната зона за да се елиминираат малите пушачки брчки. Сепак, милиметар грешка може да предизвика движење на усните надолу, дури и еден вид хемипареза, привремена парализа".
„Ако беше така, а можно е да било, можно е ботоксот да влијае на оние мускули за кои не бил пожелен“, објаснил тој.
Во меѓувреме, се чинеше дека Деми Мур (61) се врати на поприроден изглед и изгледа подобро денес отколку во 2021 година, но прашањето е дали сето тоа е работа на природата и грижата или се согласила на пластични операции или одредени естетски корекции.
Уште пред да се појави на ревијата на Фенди, се шпекулираше дека актерката имала серија операции на лицето.
Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs