Безусловна љубов: Гестот на невестата за нејзиниот слеп сопруг го разнежни светот

Ентони Фераро, слеп спортист, музичар и мотивациски говорник, се ожени со својата девојка Кели Ен. Таа носеше фустан со плисирани детали за да може нејзиниот сопруг да почувствува како изгледа, a нејзиниот гест го разнежни целиот свет.


Ентони, кој сега тренира да се натпреварува во џудо на Параолимписките игри 2024 година во Париз, често патува на натпревари и свирки. Кели Ен, која работи во ИТ индустријата, го придружува на неговите патувања бидејќи често работи на далечина.

Нивната љубов растеше додека си помагаа еден на друг да го доживеат светот низ различни перспективи.

„Кога патував со неа, почнав да забележувам дека мојот живот почна многу да се менува. Почнав да го гледам светот на начин каков што не сум видел досега. Ќе одвоеше дополнително време да застане и да забави и да го „гледа“ секој дел од пејзажот или структурата со мене, таа дури и ќе ги затвореше очите и ќе се обидеше да го почувствува тоа како што јас би го почувствувал. И тогаш ќе и објаснев, како тоа јас го гледам само со своите сетила“, изјави Ентони за Insider.


Кели Ен работеше со Loulette Bridal, бутик за свадби во Бруклин, Њујорк, за да создаде фустан со многу убави текстури.

„Таа имаше цела визија за тактилна венчаница со прекрасни текстури како кадифе и свила. Таа не знаеше што точно сака, но знаеше дека тоа мора да биде тактилно и многу различно. Таму пробала еден куп фустани“, вели младоженецот.


Во 2017 година, Ентони ја покани Кели Ен на премиерата на неговиот документарен филм „Снимање во темнината“, за нивниот прв состанок. Таа за таа пригода избра кадифен фустан како тактилен аутфит. А на свадбата носеше кадифена јакна.

„Тие текстури ми овозможија совршено да ја визуелизирам Кели во мојата глава“, вели Ентони.

Парот на венчавката подели и маски за очи за да ги поттикне гостите да уживаат во свадбата со своите други сетила.

извор:zadovoljna.nova.rs