Љутков: Да живеевме во добро уреден систем, Звонко ќе беше шокантен!

Звонко е одлика на македонското правосудството, човек кој со Цеца се разбира само со поглед и на крајот завршува онаму каде што му е местото. Маестралниот Зоран Љутков, прецизно и со неверојатна леснотија го доловува ликот на судијата Звонко во „Куќен притвор“, во засега единствената домашна ТВ серија која носи доза специфичен хумор.

Актерската епика која го работи „Куќен притвор“ според Љутов е екипа која секој би ја посакал, а ОХО продукција е пример за квалитет кој треба да го следат и останатите продукциски куќи. Вели државата има обврска да го стимулира домашниот пазар, потребна е и законска регулатива и поддршка на македонскиот производ од страна на телевизиите со национална концесија.

-Куќен притвор засега е единствениот “домашен производ“ кој ја забавува македонска публика пред малите екрани. Оваа мала доза хумор внесува драстична промена на расположението кај аудиториумот. Според Вас, која е причината за недостатокот на филмска продукција во земјава?

Љ: Па не би рекол дека е мала доза на хумор, туку специфичен хумор на кој не се навикнати нашите сетила. Оваа серија навистина ќе донесе промена во начинот на мислење и креирање кај останатите креатори на серии. Проблемот го гледам во немањето законска регулатива и поддршка на македонскиот производ од страна на телевизиите со национална концесија.

-Зошто прифативте да бидете дел од приказната за Куќен притвор?

Љ: Како прво, долгогодишната квалитетна соработка со ОХО продукција не ви остава простор за размислување. Едноставно тие се пример како се стигнува до квалитетен производ. Навивам и другите продуцентски куќи да го следат нивниот пример.

-Го играте ликот на судијата Звонко, споредна но не и маргинална улога. Колку и дали Звонко го отсликува македонското правосудство?

Љ: Судијата Звонко си го трасираше патот од Преспав до Куќен притвор, знак дека криминалот и кривото судство во Македонија остава простор за потсмев, но не само судството туку го отсликува македонскиот систем на владеење. Да живеевме во добро уреден систем, Звонко ќе беше шокантен!

-Куќен притвор се заокружува со 32 епизоди. Кој дел од снимањето за вас беше најтежок, а кој најсмешен?

Љ: Јас сум актер на кој му е многу тешко ако го врзете за еден простор или пак да седи. Звонко е врзан за својата судница и можеби тука ја гледам борбата со ликот. За актерот е предизвик кога има добро напишан лик. Тоа остава простор да се занимавате со ликот, а не со текстот. И кога ќе ги видите своите колеги како работат растеретено и се занимаваат само со карактерот на ликот, тогаш работите излегуваат од контрола J

-Дали Звонко ќе заврши онаму каде му е местото?

Љ: ДА! Претседател на државата. Баш таму каде што му е местото!

-Дали ќе ги го чуеме “гласот“ на Цеца?

Љ: Со Цеца се разбираме со поглед, не се потребни зборови :)

-Каква екипа се Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ, како е да се игра со нив?

Љ: Екипа која секој би ја посакал. Низ годиниве сум ја имал честа да работам со сите и резултатот секогаш бил полн погодок. Со Јована Спасиќ се гледаме прв пат и моите предвидувања се дека и следи блескава кариера.

-Колку улогите кои ги играте влијаат на вашиот приватен живот?

Љ: Една од работите на која сум особено горд, а можеби и најважната е длабокиот рез помеѓу приватниот живот и животот на сцена или пред камера. Раат се едниот од другиот.

-Првата македонска стриминг платформа Gley е ко-продуцент на Куќен притвор. Како да се мотивира домашниот пазар, но и државата за да се зголеми бројот на продукции кои ќе работат на повеќе ТВ серии, а со тоа и на промоција на македонските актери, култура и традиција?

Љ: Државата не треба да се мотивира, едноставно има обврска да го стимулира домашниот пазар. Ова е болка за која не треба да измислуваме лек, затоа што веќе е измислен, само треба соодветен кадар на соодветно место. На крајот од краиштата сѐ се решава со закон!


Сите епизоди од серијата Куќен притвор, во секое време без реклами е достапна на првата македонска стриминг платформа Gley. Aпликацијата е достапна на вашиот таблет, смарт телефон, лаптоп, компјутер на Smart TV како и на MaxTV приемниците.