Лоши страни на хороскопските знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Агресивен манипулатор кој плаче ако не е сè по негово. Нема трпение, ниту такт, бргу се откажува. Гласни се и напорни, многу зборуваат, но ништо не кажуваат. 

Бик

Мрзливи се, а животот им се врти околу доручек, ручек, вечера и сите други меѓуоброци. Не сакаат промени, тврдоглави се, сакаат да трошат пари на себе. 

Близнаци

Напорни луѓе кои не можат да молчат дури животот да им зависи од тоа. Се снаоѓаат во политиката, бидејќи се бесрамни луѓе. Како пријатели се ноќен кошмар, на нив не можете да се потпрете.

Рак

Сакаат да мислат дека се обѕирни и грижливи луѓе кои често се грижат за другите, но она што тие го сметаат за искажување на внимание, околината го гледа како посесивно и опседнато однесување. 

Лав

Преокупиран е со себе и со своата големина па затоа често воопшто не ги слуша другите и не забележувашто се случува околу нив. Сакаат да истакнат колку се широкогради и услужни, но вистината е дека сè што прават, го прават за признание и благодарност. 

Девица

Сè нешто приговараат, критикуваат и бараат влакно во јајце, поради што е чудно што воопшто имаат луѓе околу нив кои ги трпат. Тие се толку фрустрирани и злобни, што приговарањето, критикуањето и „убивањето некого во поим “ им доаѓа како хоби. 

Терезија

Здодевна е и вообразена, терезијата многу време поминува пред огледало, восхитувајќи му се на своето лице, убавина и на насмевката. 

Скорпија

Љубоморни се и посесивни, па затоа редовно го следат својот партнер. Скорпиите се опседнати со сексот, а досадуваат и со приказните за смрт, духови, минатиот живот и останати работи кои нормална личност не би ја интересирале.

Стрелец

Мрзливи, но сакаат лесен живот, па често се прилепуваат за некој поспособен и побогат од себе, кој ќе им осигури средства. Многу се напорни и имаат чуден, детинест смисол за хумор кој никој освен нив самите не го разбира. 

Јарец

Многу се скржави, затоа немојте да му се обраќате за позајмица. Нивна главна цел во животот е да поминат што подобро со што помалку пари, затоа често се храни кај пријатели или роднини, носи подарена облека и со неа се фали.

Водолија

Лажни алтруисти, на кои животен сон им е да основаат секта која ќе ја водат. Освен што делуваат како лажни пророци, овие неработници често сонуваат да станат апстактни сликари, вајари или уметници, кои глупоста ќе ја наречат уметност.

Риби

Губитник кој живее во лажно уверение дека е поет и романтичар, а е најобичен џаболебојадец. Бидејќи не знае да ги распознае и оддели стварноста од фантазијата, често се заљубува во некој чија слика ја видел на Фејсбук и со него одржува врска, иако другата страна за тоа не е свесна.