Луксузна декорација: Јелена Јанковиќ го прослави првиот роденден на ќерка си (ФОТО)

Поранешната тенисерка Јелена Јанковиќ го прослави првиот роденден на својата ќерка.

Иако од моментот кога се дозна дека е бремена, таа ги криеше сите детали од приватниот живот, а на јавноста не ѝ беше познато ниту името на девојчето, а нејзиниот прв роденден очигледно е повод Јелена Јанковиќ да открие дека нејзината наследничка се вика Уна.

Познатата поранешна тенисерка се породи минатата година и се посвети на мајчинството. На социјалните мрежи откри каков луксуз ѝ приредила на својата ќерка, по повод првиот роденден.

Забавата се одржа во белградски ресторан, кој беше специјално „опремен“ за таа пригода. Сè беше во розови тонови: многу балони, букети цвеќе на масата, мебел, дури и мали столчиња.

Имаше и плишани мечиња на кои децата особено се израдуваа. Ова беше навистина посебен ден за Уна, плодот на љубовта меѓу Јелена и нејзиниот партнер докторот Бранко Бараќ.

Извор: www.blic.rs