Мадона оздраве од коронавирус: Не ни знаела дека била болна
Мадона
верува дека се заразила на турнејата во Париз: „Мислев дека имам многу тешка
форма на грип“
Американската пејачка Мадона откри во пост на Инстаграм дека самата е заразена со коронавирус, а убедена е дека се заразила со болеста кога била гостинка во француската престолнина како дел од светската турнеја „Madame X“.
Pop kralicata, исто така ги извести следбениците дека таа донирала 1,1 милиони долари за медицински и научни истражувања со цел да се најде лек, односно вакцина за вирусот КОВИД-19, што е можно поскоро.
- Благодарна сум и среќна што помогнав! Во моментот не сум болна, но неодамна бев тестирана за коронавирусни антитела и резултатот беше позитивен, што значи дека всушност сум била заразена ... се разболев на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, заедно со многу други уметници со кои соработувавме
Сите мислевме дека имаме многу тешки форми на грип. Фала му на Бога, сега сите сме добро и здрави. Знаењето е моќ! - напиша Мадона (61).