Магично: Сека Алексиќ повторно ја однесе победата за најубаво декориран дом за новогодишните и божиќните празници
Популарната пејачка Сека Алексиќ и оваа година се потруди да го украси својот дом на бајковит начин за пречекот на новогодишните и божиќните празници, а нејзиното семејство не ја симнува насмевката од лицето.
Српската фолк sвезда Сека и нејзиниот сопруг Вељко прават се‘ за да им го разубават секојдневието на нивните синови Јаков и Јован, па затоа сезоната на празници во нивниот дом во Стара Пазова е повесела од кога било.
Голема новогодишна елка, подароци, фигури, украси ... сето тоа ги прави деновите на ова весело семејство уште повозбудливи, а Сека сподели фотографии кои сведочат за одличното расположение, но и магично декорираниот дом каде преовладуваат земјените тонови, претежно крем и кафеави бои.
Почнувајќи од влезната врата на куќата, па до секој агол внатре, празничната атмосфера се чувствува низ целиот дом.
Покрај многуте фотки, таа сподели и видео: