Мајка на 3 деца почина од терапијата која ја применува Новак Ѓоковиќ: Лекар објасни зошто може да доведе до смрт капењето во ледена вода

Сè почесто на социјалните мрежи и во медиумите читаме за терапија со ледена вода. Некогаш ова беше привилегија на спортистите по напорните натпревари и мечеви, кон која прибегнуваше и Новак Ѓоковиќ, а потоа влезе во широка популарна употреба. За жал, овој тип на шок-терапија не одговара на секој организам, па се случуваат фатални исходи за што сведочи неодамнешната смрт на мајка на три деца во Велика Британија.

Мајката на три деца почина откако нурна во реката за терапија со ладна вода, терапија која ја сакаа многу познати личности, меѓу кои и Колин Руни, сопругата на поранешната фудбалска легенда Вејн Руни. 

39-годишната жена и нејзините двајца пријатели платиле 200 фунти за двочасовна терапија во Дербшир во понеделникот. Ним им се придружил терапевтот Кевин О'Нил, кој го води кампот. Жената влегла во водата и се аклиматизирала на нејзината температура, а потоа наеднаш колабирала, пренесува „Дејли мејл“.

О'Нил ѝ помогнал да излезе од водата и направил реанимација додека брзата помош стигнала на локацијата. Меѓутоа, жената подоцна починала во болница.

Кампот е популарен кај познатите личности

Кампот за терапија со ладна вода е популарен кај познатите личности, а претходно во октомври го посети и Колин Руни. Колин, на која и се придружија нејзините браќа, подоцна го опиша своето искуство на социјалните мрежи.

„Каков начин да ја започнете неделата... понеделник наутро во ладна вода“.


Други познати личности кои го посетија кампот се актерот Стивен Греам и поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Крис Смолинг.

Кевин О'Нил изјави дека е „длабоко потресен“ од смртта на мајката на три деца.

„Срцето ми е скршено. Не сум спиел и тешко ми е да го прифатам тоа. Не можам да престанам да мислам на нејзиното семејство. Трагично е“, изјавил водачот на кампот за The Sun. Тој додаде дека ваква трагедија се случила за прв пат во неговиот камп.

„За две години ставив повеќе од 1.100 луѓе во вода и никогаш не се случило такво нешто. Тоа е необјаснив инцидент и за жал некој го загуби животот“, рече тој.

Тој исто така нагласи дека со стручниот тим ја испитува историјата на болеста и конзумирањето на одредени лекови пред да ја потпише согласноста за ваков вид терапија.

„Кога ќе го потопите целото тело во ладна вода, тоа поминува низ многу физиолошки и хемиски промени. Наскоро може да западнете во неволја“, предупреди тој минатата година.

„Беа присутни неколку полицајци. Брза помош ја однесе 39-годишната жена во болница, но подоцна беше прогласена за мртва. Нема сомнителни околности и подготвуваме досие за судскиот вештак", изјавила портпаролката на полицијата во Дербшир.

Секоја драстична промена на температурата може да биде опасна, предупредува познат лекар.

Терапијата со ладна вода, позната во медицината како хидротерапија, станува се попопуларна, особено благодарение на промоцијата на голем број спортисти кои по напорните натпревари се нурнуваат во кади со ледена вода. Сепак, ова може да биде многу опасно за здравјето и да доведе до смрт.


Нормалната температура на човечкото тело е 37 Целзиусови степени и секоја драстична промена може да доведе до скок на крвниот притисок, мозочен удар и, на крајот, смрт. Сè повеќе има непрофесионални луѓе кои можност за заработка гледаат во новиот тренд на релаксација во капењето во мраз, а лекарите препорачуваат умерено постудена вода и блага хидротерапија во регистрираните здравствени установи да се користи за подобрување на циркулацијата, а тоа е главниот мотив за луѓето.

- Има се повеќе алтернативи кои користат брутални, драстични методи и ветуваат брзо заздравување на пациентите со тешки болести и тешки воспаленија, како и малигни заболувања. Потопуваат жив човек во буре со ледена вода, а ако проценат дека е потребна дополнителна терапија, тогаш болните ги обвиткуваат во мраз, влажни чаршафи. Тоа е голем шок за организмот и умираат луѓе - предупредува прим. д-р Петар Боровиќ, доктор специјалист.

Д-р Боровиќ објаснува колку може да биде опасна драстичната промена на температурата на примерот со туширање. Постепените и благи промени на температурата на водата со која се тушираме може да бидат прифатливи за зајакнување на нашето тело, додека одењето во крајности и изложувањето на телото на многу постудена вода отколку што е пожелно, може да има фатални последици.

- Во ред е малку да се олади водата за време на туширањето и да се туширате неколку минути, не долго и да не завршите со ледена вода. Тоа е шок за телото. Кога телото ќе се навикне на малку постудена вода, можеби ќе му треба малку поладна вода, но не долго. За да избегнете лоши последици и оштетувања на телото, ве советуваме да се вратите во кревет 15 минути по туширањето со малку постудена вода, доколку надвор има ветер или студено време, за целосно да се смири циркулацијата, да се изгуби вишокот на влага од косата и дури потоа излезете надвор - советува д-р Боровиќ.

Терапијата со ледена вода е, смета тој, прим. д-р Петар Боровиќ, екстремизам, бидејќи има страшен скок на притисок и мозочен удар.

- Искуствено овие екстремни типови на терапии се‘ уште не се тестирани и ние во медицината сме за умерени хидротерапии во државни и регистрирани здравствени установи под будното око на стручно лице - заклучува тој.


Фото:  Инстаграм

Извор: најжена