Мајка со двете ќерки исчезна без трага во 1985: По триесет години, оваа приказна доби шокантен пресврт!

Фото:Youtube/screenshoot

Мислите дека ваквите приказни се случуваат само во филмовите ....

Мајката ги киднапирала своите две ќерки пред повеќе од 30 години и ги однела во непознато, што е можно подалеку од сопругот кој ја претепал. Три децении подоцна, оваа приказна го доби својот епилог. Имено, на 26 август 1985 година, тогаш 37-годишната Елејн Јејтс, со своите две ќерки, 4-годишната Кимберли и 10-месечната Кели, исчезнаа за време на борбата за старателство со нејзиниот поранешен сопруг.

Елејн го фатила сопругот Расел Јејтс како ја изневерува, потоа дошло до расправија во која тој ја претепал и таа исчезнала со ќерките од нивниот дом во Род Ајленд во САД. Во следните 30 години, Расел неуспешно се обидувал да открие каде се неговите ќерки. До неодамна. 


Мајката сега се соочува со обвинение за киднапирање што и се заканува 20 години затвор.

Имено, по тридецениска истрага, полицијата сфати дека Елејн Јејтс некогаш живеела под нов идентитет како Лијана Волдберг со своите ќерки во Тексас. Тие направиле компјутерски фотографии на децата за тоа како би изгледале денес, а врз основа на тие генерички фотографии, објавени на социјалните мрежи, им влегле во трага.

Таа беше пронајдена во нејзиниот нов дом во Хјустон, оддалечена 3.000 милји. Ќерките, сега 35 и 32, живеат во брак со своите нови семејства. Нивниот нов идентитет не е објавен. Мајката сега се соочува со обвинение за киднапирање и и се заканува 20 години затвор. Полицијата соопшти дека Елејн не се спротивставила на апсењето и дека раскажала сè. 

Јејтс беше уапсена во понеделникот и чека екстрадиција од Тексас на Островот Род. Ќерките, без оглед на нивната мајка, биле испрашувани од полицијата и го добиле телефонскиот број на татко им. Засега е непознато дали тие знаеле за нивниот претходен идентитет. Расел Јејтс исто така беше информиран за сè.

„Отсекогаш сум се обидувал да ги најдам моите деца и конечно можам да ги контактирам“, рече Расел. Тој додаде дека сака да ја знае целата вистина и повторно да контактира со своите ќерки, но дека не му е грижа што жена му е кривично одговорна. „Нема да ја олесни ситуацијата, ниту мене ниту ним“, рече тој.

Расел не негира дека ја претепал сопругата за време на кавгата, не негира дека бил фатен како мами, но тврди дека таа прва го удрила. Мајката и нејзините ќерки исчезнаа три недели по инцидентот, додека таткото беше на работа. Наводно, ниту нејзината мајка не знаела каде се нејзините ќерка и внуки. Расел и Елејн се забавувале уште од средно училиште, а 16 години подоцна имале деца.


Тој признава дека бил лош сопруг, но добар татко, како и дека сака слобода и жали за сè што направил и дека никогаш повеќе нема да го стори тоа.

- Само се надевам дека децата ќе ме контактираат. Ги барав 30 години - заклучи тој.


Фото:Твитер

Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Месецов ќе наполнеше 22 години: Трогателна порака од Игор, таткото на девојчето поради чие убиство е донесен Тијанин закон во Србија