Животна училница // Приказни
Мајката и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш: Турунџиева емотивно за 80-от роденден на мајка ѝ
Сузана Турунџиева напиша емотивна посвета за 80-от роденден на мајка ѝ.
Таа ѝ се заблагодари што сите овие години била покрај неа и кога никој друг немало и, ѝ посака уште долг живот.
Заедно со пораката Сузана сподели и фотографија од мајка ѝ заедно ќерка ѝ и медената Атиџе.
Мојата мајка е таква мајка, да, кога зборувам за неа треба да стојам простум... Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе ѝ останеш...
Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој... Биди ми тука уште многу долго - напиша Турунџиева.
Инаку неодамна Сузана и Атиџе ја објавија првата заедничка песна „Иста судбина“.