Македонската државјанка Адеа Шабани најдена мртва во јужна Калифорнија

Адеа Шабани е пронајдена мртва. 

Ова го пренесуваат американските медиуми кои пишуваат дека македонската државјанка 25 годишната Шабани која студирала глума во САД и која исчезна пред повеќе од еден месец е најдена мртва во  плитко ископан гроб во јужна Калифорнија, на околу 80 километри од Сакраменто. 

Засега полицијата во Лос Анџелес не ја потврди информацијата но повеќе детали ќе се откријат на закажаната прес конференција  15 часот по американско време 

Според медиумите, телото е пронајдено минатиот четврток во Драј Крик од страна на официјални лица од областа Невада.