Македонската филхармонија ја почнува новата сезона со концерт на Лука Дебарг

Добивај вести на Viber

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона, 

на 27 септември (четврток) во 20 часот, со концертот „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг. 

Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.