Мал херој за кој зборува цел свет: Приказна за момчето родено без кожа

Ова бебе е родено без кожа и со 1,36 кг, но успеа да се избори, да преживее и да стане едно големо медицинско чудо!

Јабари Греј е роден на 1 јануари и вистинско чудо е што преживеал. До 37-та недела, прегледите покажале дека бебето е здраво, но тогаш лекарите забележале дека тој не добива на тежина и дека срцевиот ритам му опаѓа, па направиле итен царски рез. Малиот Јабари не плачел кога се роди, што целосно ги шокирало родителите кои веќе имаат две деца.

Ова храбро момче имало само 1,36 килограми и, покрај тоа, она што најмногу ги загрижило лекарите е фактот дека Јабари е роден без големо парче кожа.

Имаше кожа на главата, лицето и делови од рацете и нозете. Очите му беа затворени, не можеше да дише самостојно и поради силна болка пиеше лекови, а лекарите сметаа дека нема да може да го издржи сето тоа.


Неговата мајка Присила за медиумите изјавила дека целото тело му било црвено и дека вените биле многу видливи.

Сепак, по седум месеци интензивна нега, тој се здебелил 6,35 килограми и неговата состојба се подобрила - сето тоа благодарение на постепената трансплантација на кожа во Детската болница во Хјустон. Лекарите ја одгледувале кожата во лабораторија, од клетки земени од задниот дел на увото. Тие полека ја намалувале неговата доза на аналгетици и се надеваат дека ќе може да си оди дома во август.

Иако неговата состојба се подобрува, раѓањето без кожа е сè уште голема мистерија за лекарите. Различни испитувања покажаа дека тоа не се генетски предиспозиции, а преку веб-страницата GoFundMe се собираат пари за понатамошно истражување, пренесува Здравје.


Foto: Printscreen / Tvitter FikoR