Мали колачи со кокос, чоколада и кикирики: Апсолутен хит за секаква прослава
Фото: printscreen/youtube
Овие мали колачи со чоколадо, кикиритки и кокос ќе ги воодушеват сите гости, а лесно се подготвуваат
Доколку сакате да подготвите неколку различни мали колачи за некоја слава оваа година, наш предлог е овој фантастичен рецепт. Станува збор за мали колачи со чоколадо, кикиритки и кокос кои се прават без додаден шеќер и не бараат ниту готвење ниту печење. Вкусот е одличен, а освен тоа изгледаат и прекрасно, па ќе ја разубават секоја празнична трпеза. Ако сакате колачи со кокос и чоколадо, тогаш ви предлагаме да го пробате овој рецепт за рафаело.
Состојки:
150 гр урми60 гр кокос
20 гр семки од тиква
прстофат сол
прстофат цимет
2 лажици мед
150 гр бело чоколадо без шеќер
20 гр темно чоколадо без шеќер
Рецепт за мали колачи со чоколадо, кокос и кикирики:
Урмите потопете ги во вода, а во блендер ставете ги кикириките, пржениот сусам, кокосот и семките од тиква. Добро изблендирајте, па додајте процедени урми, цимет и сол. Повторно добро изблендирајте, па префрлете ја смесата во сад и додадете мед. Добро измешајте ја смесата за мали колачи, па земете помали парчиња, обликувајте топчиња, па израмнете ги со раце. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се оставаат во фрижидер околу 5 минути. Малите колачи се валкаат во стопено бело чоколадо и се украсуваат со растопено темно чоколадо.
извор: stvarukusa.mondo.rs* пр-објава