Мама е виновна за сè: Колекционер на ретро игри и конзоли остана без вредната колекција

Иако родителите често не ја разбираат „лудоста“ на видео игрите, оние за кои колекционерските титули имаат огромна вредност, треба да обрнат поголемо внимание на нивната колекција кога ќе ги остават на чување кај нив.

Колекционер од Њујорк тоа го научил на тежок начин. Својата вредна колекција ретро игри и конзоли ја чувал во куќата на неговите родители, а дури неодамна открил дека неговата мајка фрлила добар дел од таа колекција во ѓубре.

Веројатно не била свесна за што станува збор и едноставно сакала да ја исчисти куќата, па затоа и фрлила дел од колекцијата вредна над 500.000 долари.

Колекционерот изјави дека останал без еден куп видео игри од конзолата PS1 и постара, а повеќето од нив никогаш не биле отворени. Конзолата Фамиком, Атарис, Колеко, МегаДрајв и многу други влегле во контејнерот, а колекционерот откри дека отишла и неговата колекција стрипови, пренесува play.co.rs.

Сумата од 500.000 долари за стари видео игри можеби ви звучи лудо, но тоа не е ниту денар кога ќе помислите дека ретки видео игри од конзоли без кои остана тој, чинеа неколку десетици илјади долари.

Малку е веројатно дека ќе се опорави, бидејќи неодамна дознал дека останал без тие вредни видео игри и конзоли, а тие биле фрлени многу порано.

Секако: ако во куќата на вашите родители чувате колекторска видео-игра или ретро-конзола во совршена состојба, подобро веднаш да ги повикате и да бидете сигурни дека не го доживувате ова.


Фото: Pixabay