Маркиза торта: Кремаст десерт без кора, готов за 20 минути

Добивај вести на Viber

Оригинален руски рецепт, идеален за новогодишните празници...

Состојки за кора:

300 грама пишкоти;

350 милилитри кафе со млеко.

Состојки за фил:

5 јајца;

250 грама путер;

200 грама шеќер во прав;

400 грама црно чоколадо;

300 грама лешници.

Состојки за декорација:

250 милилитри/грама слатка павлака/шлаг;

30 грама какао.

Подготовка:

Пишкотите потопете ги во оладеното кафе и наредете ги во калап. Одделете ги белките од жолчките.  Жолчките матете ги со миксер додека не осветлат. Потоа додадете го путерот (кој треба да биде на собна температура) и продолжете да матите, смесата треба да биде пенлива. Додадете го шеќерот во прав и продолжете да матите. Растопете 400 гр црно чоколадо, додадете во филот и соединете ги сите состојки. Лешниците ситно исецкајте ги и додајте ги во фил. Потоа изматете ги белките во цврст снег, и додавајте по една лажица од фил од чоколадо. Никако не мешајте со миксер, само лесно се мешајте со лажица. Истурете го филот преку бисквитите во калапот и израмнете.

Изматете ја слатката павлака (или шлагот со кисела вода) и премачкајте ја врз филот. Потоа земете мало сито, ставете какао во него и наросете преку шлагот за да ја покриете целата површина. Оставете ја тортата да се стегне, и аромите убаво да се искомбинираат во текот на ноќта.