Ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив: Пријателката на ракометарот Денис со емотивна порака

По трагичната смрт која ја вознемири јавноста, вчера на Твитер се појави снимка од надзорните камери, на кои се гледа трагичниот настан пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, каде до смрт беше претепан хрватскиот ракометар Денис Тот. 

Од снимката се гледа дека младиот ракометар е крвнички претепан пред клубот.
По ова се огласи неговата добра пријателка од Македонија, Стефанија Трајческа- дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор на својот Инстаграм:

„Најголема болка осетив во моментот кога прочитав дека ни си дал никаков отпор. Тоа е затоа што си ти. Затоа што не си таков човек, воопшто не ме изненади, напротив уште повеќе ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив...
Знам дека си на помирно место во кое што нема никаква злоба како на овој свет, мил мој пријателе... До наредно видување. „Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна!
Те молам мавни ми од зад облаци, а мене времето ќе ме научи како да се носам со оваа болка и неправда....“

 Стефанија објави и заедничка фотографија со Денис и со емотивни зборови се прости од него:

View this post on Instagram

A post shared by STEFI TRAJCHESKA (@stefitrajceska)