Ме дрогираа, ме силуваа и ме држеа во заробеништво: Болна исповед на една од најпознатите светски пејачки

Таа се присети на најтешкиот период во животот

Пејачката Дафи, добитничката на наградата Греми, откри дека била дрогирана и силувана, а напаѓачот ја заробил.

На нејзиниот официјален Инстаграм профил, кој го следат илјадници следбеници, 37-годишната пејачка објави дека „за закрепнувањето е потребно време“. Пејачката од Велс, чиј сингл „Mercy“ стигна до врвот на топ листите во Велика Британија во 2008 година, напиша:

-Точно е, и ве молам верувајте ми, дека сум добро и безбедна, но бев силувана, дрогирана и заробена неколку дена. Секако дека преживеав – изјавила Дафи.

View this post on Instagram

A post shared by playup (@playup_officiel)


Закрепнувањето траело долго

- Но, можам да ви кажам дека во претходната деценија толку многу сакав да ја почувствувам среќата во моето срце и сега повторно грее сонце.

Нејзиниот деби албум „Rockferry“ продаде седум милиони примероци и беше на врвот на листата на албуми во шест земји. Таа, исто така, доби три Брит и една Греми награда за ова достигнување.

-Можете само да замислите колку пати помислив да напишам за ова - напиша пејачката во таа прилика на Инстаграм.


Таа се повлече од очите на јавноста

-Ме контактираше новинар, најде начин да дојде до мене и му кажав се минатото лето. Беше многу љубезен и јас бев среќна што конечно разговарав за тоа - објаснила Дафи.

- Се прашувате зошто не избрав да го искористам гласот за да изразам болка? Не сакам да му ја покажам на светот тагата во моите очи. Ве молиме почитувајте дека беше многу тешко да се каже нешто, не сакам моето семејство да биде оптоварено со тоа. Ве молам поддржете ме и направете го ова позитивно искуство. - изјави пејачката


Фото: Youtube/Инстаграм

Видео: Youtube

Ми беше кажано дека треба да трпам силување ако сакам да работам: Манекенка сподели страшни детали за злоупотреба