„Ме спаси индустријата за возрасни, заработував за да преживеам“: Најуспешната лизгачка „пукна“ поради неправда

Мелиса Буланагви пред десет години беше една од најуспешните лизгачки во Америка, но попусто решила да ги закачи лизгалките на колче, и да се посвети на малку поинакви предизвици, а нејзината нова кариера го шокираше целиот свет.

Атрактивната 30-годишна девојка е родена во Пенсилванија, но по потекло е од Филипините, па првично настапувала за репрезентацијата на таа земја. Но, малку подоцна се приклучи на американскиот тим каде се соочи со бројни проблеми и притисоци кои ја разочараа.

View this post on Instagram

A post shared by Timothy David (@timothydavid.nyc)



Мелиса не успеала да се справи со стресот, па се препуштила на алкохолот во многу други пороци.

- Бев трета во Америка и шампион на Филипините, а наместо мене испратија јуниор на Олимписките игри во Сочи. Бев добра, жртвував се што имав. Поради неправда „пукнав“, почнав да пијам и бев несреќна личност која живее лош живот - изјавила во 2015 година, а истата година го напуштила професионалниот спорт.

По завршувањето на кариерата извесно време работела како тренер по лизгање во Тајланд и Америка, но вели дека била млада и дека не можела да воспостави авторитет. Покрај тоа, таа била келнерка и работела во продавница, а се пробала и во манекенството, но не можела да заработи доволно пари.

View this post on Instagram

A post shared by Jada Kai (@officialjadakai)



Се променила кога гледала документарец за девојчиња кои се снимаат преку веб-камери. „Решив сама да направам едно, а таа вечер заработив 200 долари“, открила Мелиса. 



Набрзо добила понуда за својот прв професионален ангажман, па влегла во индустријата за забава за возрасни, а во 2019 година станала порно актерка и заштитно лице на сајтот „PornHub“. Има и уметничко име - Јада Каи.

View this post on Instagram

A post shared by Jada Kai (@officialjadakai)



- Ми беше тешко, чувствував дека луѓето ќе ме осудат, бидејќи лизгањето беше конзервативен спорт, а кругот на луѓе е толку мал - изјави тогаш таа.

Фото: Инстаграм/Фејсбук