Медената Атиџе денес полни 59 години: Сузана и Дени која боледува од церебрална парализа со песна ѝ го честитаа роденденот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Дени Жерновска е талентирано девојче, на кое пеењето и танцувањето го водат низ животот. Иако боледува од церебрална парализа и е во количка, Дени секојдневно им пркоси на животните предизвици.

Овој пат со нејзината наставничка по музичко образование, Сузана Турунџиева, со насмевка на лицето и песна ѝ го честитаа роденденот на Атиџе.

Сузана години наназад е многу добра пријателка на ѕвездата од „Медена земја“, која денеска полни 59 години.