Меган инсистира нејзината мајка да живее со нив: Хари го исмеваат

Им помага да се снајдат во Америка.

Мајката на Меган Маркл, Дорија Реџленд, се пресели заедно со неа и принцот Хари во вилата во Лос Анџелес.

Според британскиот „The Sun“, Меган инсистирала нејзината мајка да живее со неа, нејзиниот сопруг и едногодишниот син Арчи во куќа во вредност од осум милиони долари што ја изнајмуваат. Поранешниот социјален работник Дорија им помага на сопружниците полесно да го пронајдат својот пат низ Америка и е како дадилка на нејзиниот внук, за кого таа честопати се грижи. 

Меган и Хари сè уште бараат совршен дом во Лос Анџелес кои имаат намера да го купат, но важно е за нив да имаат обезбедено простор за мајката на Меган.

„Тие сакаат Дорија да има мир и иако пријателите го задеваат Хари затоа што тој живее со мајката на сопругата, тој има одлична врска со неа“, изјави извор близок на парот за „The Sun“, истакнувајќи дека Меган сака мајка и да е блиску до неа бидејќи во моментот не верува на многу луѓе надвор од нивниот круг на пријатели и семејство.

извор:zenskikutak

(Фото) Мајката на Меган сосема сама, не прекина да плаче на венчавката!