Менито на Маја Волк: 5 јадења за здрав и долг живот - тврди дека ракот го излечила со храна (РЕЦЕПТИ)
Освен што се вкусни, овие јадења се и здрави
Маја Волк (62), професорка на Факултетот за драмски уметности во Белград, се опишува себеси како експерт не за болести, туку за здравје и тврди дека ракот од кој боледувала го излечила со сирова исхрана.
Таа често споделува здрави рецепти на својот канал на YouTube, а ние одбравме пет:
1. ЧОРБА од тиква
Состојки:
Половина тиква
Поголема лажица путер од кикирики
Кари една лажица
Лажица кокосово масло
Сол
Чаша вода
Подготовка:
Сосема едноставно. Сите состојки ставете ги во блендер, добро измешајте и супата е готова.
2. САЛАТА ОД БРОКУЛА
Состојки:
300 гр брокула
Една пиперка
Едно јаболко
Ореви или ф'стаци
Малку маслиново масло и јаболков оцет, мед, сенф, хималајска сол и бибер
Подготовка:
Сите состојки исечкајте ги на рака или во мултипрактик, убаво измешајте и салатата е готова.
4. ЗЕЛЕНО ДЕТОКС СМУТИ
портокал
грејпфрут
зелено јаболко
парче тиква
1 банана
киви
босилек
оригано
зелена салата
магдонос
мирудија
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник или блендер. Ако правите во блендер, треба да додадете малку вода. По желба можете да го засладите со мед или сируп од агава.
5. ГАСПАЧО
Состојки:
1 убава неизлупена сечкана краставица
2 црвени пиперки исчистени од семки
4 издолжени домати
глава црвен кромид
3 чешниња мелени лук
3 чаши свежо исцеден сок од домати
¼ шолји див јаболков оцет
¼ шолји ладно цедено маслиново масло
малку калиумова и морска сол
една кафена лажичка мелен пипер
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер или исечкајте ги и мешајте додека не се соединат. Оставете го во фрижидер да отстои, повкусно е.
извор:stil.kurir.rs