Менито со кое Опра Винфри ослабе 20 килограми: Појадокот е најважен, а на овие намирници им кажа збогум
Познатата американска водителка со години се мачеше со вишокот килограми, а потоа одлучи да ги земе работите во свои раце и засекогаш да се реши од нив...
Планетарно познатата водителка Опра Винфри со години е пред будното око на камерите и признава дека често ѝ било тешко да го сокрие своето незадоволство од изгледот на телевизија.
Како што на сите им е добро познато, камерата додава уште неколку килограми, а тоа никако не ѝ одело во прилог.
Со години се мачела и на разни начини се обидувала да се реши е вишокот килограми. Сепак, во 2015 години ставила точка на стариот начин на живот, кога одличила да биде емотивно, физички и психички здрава.
Тогаш ја порменила исхраната во потполност и килограмите почнале да се топат. Брзо биле видливи резултатите, а таа се чувствувала фантастично.
Ви ја откриваме тајната која Опра ја откри за странските медиуми. Еве како изгледа еден нејзин ден кога е исхраната во прашање.
Појадок: Сендвич со јајце, авокадо, шунка и домат со леб, направен од житарици и чај. Како што вели најмногу сака индиски чај во кој додава цимет, ѓумбир, ванила, сѐ по вкус.
Ручек: Супа од домати и салата од кељ или тестенини со шкампи. Со супата секогаш јаде некој зеленчук, а често изброот паѓа на кељ. Зготвените тестенини ги подготвува со малку маслиново масло, сол, бибер, чешне лук и 3 лажици рендано сирење. На крајот во тестенините се додава и грилувани шкампи, а по желба може да се дополнат со домати и рукола.
Вечера: Риба, често бакалар, но може и друга, со прилог зеленчук. Како што наведува водителката, таа често пие и вино и некој коктел.
фото: Принтскрин / Инстаграм