„Менталната стабилност на децата наеднаш „пукна“ во 2010 година“: Познат психолог предупредува што ги прави младите подепресивни и склони кон самоповредување

Добивај вести на Viber

„Менталната стабилност на децата наеднаш „пукна“ во 2010 година“: Познат психолог предупредува што ги прави младите подепресивнии склони кон самоповредување

Џонатан Дејвид Хејт е познат американски социјален психолог и професор на Универзитетот „Стерн“ во Њујорк, а тесно се занимава со психологијата на децата и тинејџерите и нивното растење. За ова ја напишал книгата „Вознемирена генерација“ каде ги презентирал своите стручни согледувања за промените во нивното однесување и ставови во различни периоди од развојот на општеството. Тој особено се осврна на се почестата депресија кај младите од 2010 година наваму поради големите промени кои се случија во детството на новите генерации.

„Нешто се случи во раните години на 2010-тите. Мојот аргумент во книгата е „трагедија во два чина“. Првиот чин е губењето на детството, кое се заснова на игра. После училиште, децата беа надвор со своите другари. Никој не ги надгледуваше“, ја започна својата изјава професорот Хејт како гостин во „Дејли шоу“.

Тој понатаму се осврна на промените кои полека следеа во деведесеттите, кога животот на децата полека се „преориентираше однадвор кон домашните активности“.

„Сè почна да експлодира во деведесеттите, кога почнавме да ги затвораме децата и да ги спречуваме да излегуваат надвор. Воведовме ограничувања за она што им е најпотребно, а тоа е играта – почнувајќи од деведесеттите, па сè до 2000-тите. Сепак, менталната стабилност тогаш не пропадна, всушност, беше многу стабилна“, продолжи психологот.

Телефоните со предни камери и брз интернет ги влошија работите

Конечно, тој го допре доаѓањето на паметните телефони и растењето во виртуелен свет,

„Сè уште го имаме вториот чин, а тоа е појавата на детството засновано на телефони. И во 2010 година, сите имаа мобилни телефони. Иако iPhone имаше и тогаш, сите имаа телефони на преклоп. Немаше предна камера, немаше социјални мрежи во Телефонот, поради брзиот интернет и во Америка и во целиот свет луѓето станаа анксиозни, депресивни и склони кон самоповредување“, заклучи тој.