МЕТАЛНАТА ВРАТА ПАДНА ВРЗ ГРБОТ НА МОЈОТ СИН, ИМА СКРШЕНИЦА НА Р’БЕТОТ: Игралиштето во Аеродром е опасно подолго време, мајката на повреденото дете сведочи за Фактор

Ова е кобното место за 9-годишното детенце од населбата Аеродром.

Безгрижната детска игра стана сериозна и тешка повреда на рбетниот столб на малото скопјанче, откако тешка метална врата од детското игралиште му паднала врз грбот. Мајката, Александра Живковска Савеска, која моментално заедно со својот син е на Интензивното одделение на Клиниката за детска хирургија проговори за неговата здравствена состојба и подетално раскажа за целиот инцидент.

-Направени се сите иследувања, направена му е компјутерска томографија која покажа скршеница на петтиот пршлен на рбетот. Освен тоа целиот грб му е модар, има и гребаници. Мора да мирува, лежи на даска и во ваква положба треба да биде два до три месеци. Нема да се интервенира хируршки за среќа, чекаме појас да му стават, за да може да ја тргнат даската, но целиот летен распуст ќе го помине вака, вели Савеска.

Инцидентот се случил завчера вечерта, посолува мајката, нагласувајќи дека веднаш повикале брза помош, а полицијата направила увид во текот на вчерашниот ден.

-Влезната врата од игралиштето беше откачена и само потпрена и во таква состојба беше  оставена подолго време. Тоа игралиште е во Аеродром веднаш после Железничката станица, кај високите кули до фонтаната. Како трчале, деца ко деца, се бутнале во вратата и таа тешка метална конструкција му паднала точно врз грбот на мојот син. Навистина сме револтирани од тоа што од општината досега не е изреагирано  по не знам колку апели од сите нас да се поправи вратата или да се тргне. 


Продолжува на Фактор.мк