Миа срамно ја исмејуваат поради изгледот и ѝ велат дека личи на Емотикон: Им одговорила мајсторски

Социјалните мрежи за жал се место каде многумина се изложени на негативни коментари. Меѓу нив е и Тиктокерката Mиа Картер која се приклучи на оваа социјална платформа за да ги охрабри другите жени и да ги инспирира да се чувствуваат добро во своја кожа. Голем број луѓе брзо ја заследеа. И тогаш оваа 19-годишна девојка од Велика Британија се нашла на мета на тролови.

Тиктокерката Миа Картер неодамна откри дека ѝ било кажано дека е градена како емотикон и дека ја исмевале поради нејзината тежина.

„Денешното општество е обесхрабрувачко и одвратно, затоа ја сакам работата што ја работам за да ги инспирирам децата и сите останати да останат верни на себе, да се сакаат себеси без разлика на типот на кожата, попреченоста, големината, возраста. Денешното општество очекува да изгледате на одреден начин , но на мојот профил нема такви очекувања.Сите се добредојдени на мојот профил. Колку и да тежат, без разлика од кој пол, без разлика колку години имаат, било кој. Ако сакате да бидете дел од семејството , следете ме. Не слушајте што некој ќе ви каже другите велат - јас сум преубава“, изјавила Миа Картер.

Таа на крајот заклучи и го искажа вистинскиот став: 

„Без разлика што ќе каже некој друг, јас сум убава“.

Миа покажа како филтрите нѐ менуваат:



Дали сте биле изложени и на негативни коментари на социјалните мрежи?



Foto: tiktok/@miahhcarter / screenshot