Мини крофни готови за 15 минути: Без квасец, се прават експресно брзо (РЕЦЕПТ)

Мини крофните се едни од најубавите задоволства кои ги сакаат сите, без разлика на возраста

Потребни состојки:

-2 јајца

-2 лажици шеќер (може и кафеав)

-18 гр ванилин шеќер

-300 мл јогурт

-10 мл домашна ракија

-кора од рендан портокал

-сок од половина портокал

-300 грама брашно

-прашок за пециво

-малку сол

-масло за пржење

-шеќер во прав за посипување


Подготовка: 

Јајцата се матат со шеќер и ванила. Потоа додадете јогурт, ракијата, рендана кора од портокал, сок од портокал и брашно. Додадете го пецивото, малку сол и замесете мазно тесто. Покријте го тестото со фолија додека маслото добро не се загрее.

Потопете ја лажичката во ладното масло, а потоа со неа извадете ги крофните и ставете ги во врело масло, тоа практикувајте го со секоја крофна.  Пржете неколку минути, а потоа извадете ги крофните на хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло.

Посипете ги со шеќер во прав и послужете.

Наздравје.



foto: Printscreen/youtube