Минимализам и неутрални тонови од 320.000 евра: Погледнете го станот на Милица Павловиќ на најлуксузната локација во Белград (ФОТО)
Таа е една од најпопуларните млади пејачки, а за луксузниот имот наводно потрошила дури 320.000 евра.
Пејачката Милица Павловиќ со својот труд успеа да создаде завидна кариера, а вложувањето во добри песни и продукција се исплатеше. Таа има огромна публика, нејзините настапи се секогаш посетени до последното место и затоа успеа да си обезбеди одличен живот.
Милица не криеше дека долго време живеела како потстанар, па купувањето недвижен имот ѝ било една од главните цели. Пејачката избрала простран стан од 90 метри квадратни на една од најлуксузните локации во Нов Белград, каде што нејзините соседи се безброј други познати личности.
Со оглед на тоа што е многу активна на социјалните мрежи, понекогаш споделува и по некоја снимка од својот дом, па имавме можност да видиме како си го уредила просторот. А пејачката ангажирала и професионалци за уредување на ентериерот за сè да биде совршено.
Еден од нејзините омилени делови за фотографирање на Милица, се вратите со стакло и прегради, додека во нејзиниот дом доминираат нежни заводливи тонови на беж и кафена боја, а тука се и сивата и белата, неизбежните кралици на неутралноста.
Интересен е и жолтиот под во дневната соба, кој е интегриран со дрвениот мебел, но големо внимание привлекува и кујната.
Во оваа соба доминираат минималистички стил и неутрални сиви тонови, додека столовите се бели со геометриски линии, па сè заедно потсетува на сцени од најскапите салони за мебел.
извор:GLOSSY