Мира Шкориќ за борбата со ракот: Чувствував замор, а тогаш ја дознав страшната вистина
Мира Шкориќ по 15 години, успеа да го победи ракот на тироидната жлезда, што важи за една од најподлите форми на рак.
После големата борба и четири операции, познатата српска пејачка конечно може да земе воздишка и да ужива во животот:
- Отсекогаш сум била негрижлива за своето здравје, што можам да направам, таква сум... И сега се наежувам кога ќе се сетам на тој период пред да откријам дека сум болна. Во еден момент, почнав да се чувствувам чудно, уморно. Што и да правев, се чувствував слабо. Потоа започна блага, подмолна температура, 37 со 2, и не знаев од што е. Во исто време, необјасниво губев тежина - раскажува пејачката.
- Јас не сум личност која плаче и се плаши од болести, продолжив да живеам нормално, пеев, снимав, одржував концерти. Ги игнорирав симптомите додека лимфна жлезда не ми се појави на вратот над клучната коска. И тогаш сфатив дека е сериозно.
Д-р Радан Ѓодиќ ми ја кажа суровата вистина, што не сакав да ја прифатам.
Вистината беше дека имам карцином на тироидната жлезда, со метастази. Бев во состојба на целосен шок и неверување - се присети таа.
- Сепак, сè уште се борам, примам терапии, го одржувам имунитетот, земам витамини. Сè уште пејам нормално, по два часа, како да не ни бев болна. И не ми се допаѓа кога на луѓето им е жал за мене, кога ќе прочитам дека “сум се повлекла од сцената“, дека веќе не можам да пејам. Никогаш не би кажала ни збор за мојата болест во јавноста, да не се другите болни од рак, на кои можеби би можела да им помогнам - рече Мира.
извор:zenskikutak.rs