Мислев дека сум во менопауза, а потоа лекарите ми ја соопштија страшната дијагноза

Добивај вести на Viber

Карла Мичел имала само 36 години кога почнала да чувствува промени во своето тело.

Колоректалниот карцином е меѓу најчестите видови на рак кај современиот човек. Оваа дијагноза ја изненадила Британката Карла Мичел. Таа штотуку наполнила 36 години кога почнала да доживува симптоми кои ја навеле да помисли дека влегла во менопауза.

Симптомите на малигнен тумор на дебелото црево зависат пред се од локализацијата на туморот, а може да се манифестираат како: крварење во столицата, неправилна столица, синдром на ретка столица, чувство на недоволно празнење, абдоминална дистензија...Меѓутоа, знаците дека туморот се развива може да бидат многу посуптилни. Во случајот на Карла, почетокот на симптомите вклучувал забрзано срце, болка во нозете и отежнато дишење.

„Мојот главен симптом беше анемија. Имав забрзано отчукување на срцето, нозете ми беа исклучително болни и останував без здив кога се качував по скалите“, раскажала таа и нагласи дека забележала некои други промени.

Имав стомачна болка која ме разбуди во текот на ноќта“, изјави Карла. Кога ѝ била откриена анемија, нејзиниот општ лекар многу брзо реагирал и почнал да „копа подлабоко“ за да ја најде вистинската дијагноза.

„Мислев дека моите симптоми се поврзани со менопаузата. Многу работи ми паднаа на ум, но ракот навистина не. Мојот доктор на почетокот го мислеше истото“, рекла Карла.

Откако колоноскопијата ја потврдила застрашувачката дијагноза, Карла морала да оди на операција и хемотерапија.

Кога завршила хемотерапијата, таа била позитивна на синдромот Линч, наследна состојба која го зголемува ризикот од рак на дебелото црево и други видови на рак.

Според Националната здравствена служба во Англија, трите главни симптоми на рак на дебелото црево се:

-Постојана крв во столицата (се јавува без очигледна причина или е поврзана со промена на навиките на дебелото црево)

- Промена на ритамот на празнење на дебелото црево

-Постојана болка во долниот дел на стомакот, надуеност или непријатност

Лекарите апелираат да закажете преглед доколку имате некој од овие симптоми три недели или подолго.


foto: freepik