Мистериозната сестра на Јелена Ѓоковиќ: Убавата Марија има необична професија и е голем вљубеник во сосема поинаков спорт (ФОТО)

Многумина не знаат дека Јелена Ѓоковиќ има родена сестра, а во продолжение погледнете како изгледа таа...

Сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, Јелена, на сите им е добро позната, меѓутоа поединечни детали од нејзиниот живот сепак останаа непознати.

Всушност, многумина не знаат дека сопругата на првиот рекет на светот, има и помлада сестра, која многу потсетува на неа, а вниманието на јавноста го привлече уште кога пред неколку години со Јелена го бодреше Новак на „УС Опен“.

Во прашање е Марија Ристиќ која едно време беше дел од фондацијата на Новак Ѓоковиќ, но потоа одлучи да се посвети на својот блог кои обработува теми од мотивацијата, различностите, модата...

View this post on Instagram

A post shared by Marija Ristic (@_marija.ristic_)

Меѓутоа, таа е сестрана девојка и се занимава и со фотографија, а своите дела ги објавува како на својот Инстаграм профил, така и на својот блог.

Кога е во прашање нејзиниот приватен живот, Марија веќе неколку години е во среќен брак со сопругот Будимир Јовковиќ, а колку е силна нивната љубов и колку уживаат во заедничкиот живот, сведочат нивните фотографии на социјалните мрежи.

Исто така, убавата Марија ужива во тенисот, исто како и нејзината сестра, но нејзиното срце сепак го украде еден потполно поинаков и многу возбудлив спорт. Во прашање е јавањето, на кое му го посветува секој слободен момент.

View this post on Instagram

A post shared by Marija Ristic (@_marija.ristic_)

фото: Принтскрин / Инстаграм