„Моето бебе беше 100 дена на интензивна нега“: Пријанка Чопра објави прва фотка од ќерката и откри непознати детали од борбата низ која поминала

Пријанка Чопра на Инстаграм ја објави првата фотографија од својата ќерка откривајќи дека нејзиното бебе поминало 100 дена на одделението за интензивна нега по раѓањето.

На фотографијата ја гледаме актерката и поранешна Мис на светот со малата Малта Мари која се роди на почетокот на годинава и нејзиниот сопруг Ник Џонас (28). Пријанка Чопра (39) на вчерашниот ден на мајката објави емотивна слика придружена со посебна порака.

„На овој ден на мајката не можеме а да не се навратиме на последните неколку месеци и на турбулентните настани што ни се случија, а знаеме дека и многу други луѓе ги доживеале“, напиша Пријанка Чопра на Инстаграм, додавајќи:

„По повеќе од 100 дена на одделението за интензивна нега, нашето девојче конечно е дома. Искуството на секое семејство е единствено и бара вера“.


Истакна дека нејзиниот сопруг и таа по нималку лесното искуство и борбата на малата Малта Мари, сфатиле колку е скапоцен и совршен секој момент со нејзиното семејство.

Славната мајка им се заблагодарила на „секој доктор и секоја медицинска сестра во болницата во Лос Анџелес“ затоа што несебично му помогнале на нејзиното бебе и на нејзиното семејство.

Таа рече дека отсега нејзиното семејство ќе поминува повеќе време заедно и дека за нив започнува ново поглавје. Таа потоа им се заблагодари на сите мајки и на другите луѓе кои се грижат за секој од нас бидејќи таквите луѓе го олеснуваат животот.

Посебно му се заблагодари на својот сопруг, кој цело време и беше голема поддршка откако во јануари годинава добија ќерка, чие име преведено од хинду јазикот значи „месечева светлина“ и „мал миризлив цвет“.


Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа во 2018 година. Пред раѓањето на нивната ќерка се пишуваше дека славниот пар е пред развод, но сега е повеќе од јасно дека се работи за гласини.

Извор: zena.blic.rs

Од 2000-тите ја носи титулата најубава жена на планетата, а скоро никогаш ја немаме видено во бикини: Сега конечно се соблече
По грешка пластичниот хирургот на Пријанка ѝ го промени лицето: Беше очајна, но потоа ја доби титулата најубава жена на светот