Од 2000-тите ја носи титулата најубава жена на планетата, а скоро никогаш ја немаме видено во бикини: Сега конечно се соблече

Холивудската актерка Пријанка Чопра уште во 2000-тите ја доби титулата „најубава жена на светот“ кога победи на Изборот за Мис на светот, а таа и потоа во повеќе наврати успеа да се најде на листата најсексапилни и најпосакувани дами на планетата.

Пријанка често имаме прилика да ја гледаме во јавноста, а на црвените килими сака да блеска во креации со провокативни детали, па така повеќепати досега не има заинтригирано со предлабокото деколте или смелите отвори кои ги покажуваат нејзините затегнати нозе.

Но, оваа 39-годишна дама за две децении кариера скоро никогаш не се појавила во бикини или долна облека, а дури и папараците ретко ја уловуваат во ова издание.

View this post on Instagram

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra)

Неодамна самата се пфоали на Инстаграм со низа фотографии на кои носи костим за капење, конечно покажувајќи ѝ ја на јавноста својата убава женствена фигура.

Пријанка моментално е во Шпанија во градот Валенсија каде работи на снимањето на серијата „Citadel“, а слободните моменти ги користи да ужива во сонцето. Така позираше и на јахта во жолт едноставен костим за капење, а малку подоцна и во црвено бикини.

View this post on Instagram

A post shared by Priyanka Chopra Jonas (@priyankachopra)

На двете фотографии познатата актерка носи бела, лелеава наметка за на плажа и големи очила за сонце, а од нејзината спонтаност, широка насмевка и природност се воодушевени сите. Затоа не е ни чудно што на овие фотографии има безброј лајкови и коментари.