Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје неодамна го модифицираше станбениот кредит за клиентите физички лица се со цел да понуди станбен кредит со најповолни услови на пазарот.

Имено, клиентите на банката ќе може релаксирано да инвестираат во свој, нов конфорен дом, користејќи ги новите услови со 3.75% фиксна каматна стапка за 10 години со полиса за животно осигурување. На тој начин се овозможува сигурност во отплатата и заштита на целото семејство во период од максимум 30 години. Дополнително, во преостанатиот период каматната стапка е променлива и изнесува 5,5%. 

Станбениот кредит на Силк Роуд банка е наменет за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери и истиот може да се користи за купување на стан/куќа, како и за рефинансирање изложеност во други банки по основ на станбен кредит.

Максималниот износ за кредитниот производ е 400.000 евра, а клиентите добиваат и грејс период од 12 месеци, ниска стапка на вкупни трошоци и без надоместок за проценка. Исто така, кредитот е со намалено учество од 15% и без надомест за ликвидација со сопствени средства.

За сите заинтересирани кои купуваат недвижност во тек на градба, Силк Pоуд банка има развиена соработка со бројни, реномирани градежни компании од земјата.

Со оваа поволна понуда за станбени кредити на Силк Роуд банка, новиот дом за сите потенцијални корисници може да стане реалност, и тие да ја почнат новата фаза од нивниот поквалитетен живот. 

Повеќе информации за кредитот клиентите можат да добијат на официјалната веб-страница на банката, да се обратат во најблиската експозитура на банката, како и на телефонскиот број 02 32 51 900.

ПР објава