В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?
В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ – најмасовното планинско искачување во регионот, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ и Шпаркасе Банка АД Скопје, како главен спонзор.
На овој традиционален спортски настан на Водно ќе се натпреваруваат 4.000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам, e-bike (електрични планински велосипеди) и Summit Run (team-building трка за компании), што е досега и рекорден број учесници.
Настанот започнува во 9:00 ч. со пристигнување и подготовка за старт. Во 9:45 ч. почнува стартот на велосипедски трки, додека во 10:00 ч. стартот на трката во планинско трчање. По пристигнување на учесниците на врвот на Водно, во 10:30 ч. започнува традиционалниот пикник со музичка програма со диџеј Вито и бендот „Session Selection“, а веднаш потоа ќе следува и церемонија на прогласување на најдобрите. Главниот покровител на настанот, Шпаркасе Банка, ќе има интерактивен „лаунџ корнер“, како и награди за посетителите, а обезбеди и награден фонд во износ од 1.000 ЕВРА што ќе ги освојат и ќе ги поделат сите оние што ќе урнат еден од шесте рекорди во трките за планинско трчање, друмски велосипедизам и планински велосипедизам, и кај мажите и кај жените.
Годинава новитет се новите медали воведени за различни возрасни категории, и тоа: деца до 12 години, деца до 16 години, возрасни од 40-49, возрасни од 50-59, возрасни од 60-69 и возрасни 70+.
Шпаркасе Банка АД Скопје, преку платформата Sparkasse LIFE, е интензивно фокусирана на промоција на спортот и на здравите животни навики, и во тој правец, веќе втора година по ред, е главен спонзор, a манифестацијата го носи називот „Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ“.
Преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка продолжува интензивно да поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред. Банката останува посветена на визијата да биде водечка по квалитетот на банкарските услуги, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените. Воедно, им посакува среќа на сите пријавени учесници и им порачува да веруваат во себе и во силата на тимот како предуслов за успех, а оттаму да си заминат со убави спомени и со нови пријателства.
пр објава