Моите ја напуштиле Македонија на магаре: Кој е Џим Ристевски од Австралија кој собра 50.000 долари за малиот Јаков од Кочани

Македонецот Џим Ристевски од Порт Кембла, кај Сиднеј, роден во Австралија пред 46 години, син на Нада и Никола од Мариовско, татко на три прекрасни деца, неодамна му подари живот на малиот Јаков од Кочани. За една недела ги собра потребните  50.000 долари. Неговата приказна ја објави Вечер . Можеби некој ќе се сети кога се случија големите поплави во 2016 година дека на малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите најблиски, некој му подари 10.000 долари. Тоа бил Ристевски, а и подоцна тој бил организатор на фандрејзинг иницијатива наменета за реконструкција на медицинското училиште д-р „Јован Калаузи” од Битола.

За себе вели дека е потомок на селани од ридовите на Мариово.

– Можам да замислам како ја напуштиле Македонија качени на магаре. Мојот дедо пристигнал во Австралија во 1965 година. Мојот покоен татко пристигнал со баба ми и тетка ми во 1969 година. Татко ми и тетка ми оделе на училиште во Македонија. Мојот дедо е од Скочивир, баба ми е од Петалино. Од страна на мајка ми, мојот дедо бил од Зовиќ,а  баба ми била од Гнилеш, вели Ристевски.

Сега, неговата фирма дистрибуира безалкохолни пијалаци низ Австралија и тргува со брзодвижечки потрошни добра со 12 земји. Ги има правата за дистрибуција на некои поголеми брендови во Австралија и Нов Зеланд, а исто така создавал и сопствени брендови. Прославувајќи 30 години во индустријата, Џим Ристевски со братучед му го создале пијалакот Jim, Jimmy&DaJuice.


Сите детали читајте ги на Фактор тука.