,

Ме навредуваа поради дебелината, а момчето ми рече дека треба да бидам среќна што е со мене: Седум месеци подоцна изгледам вака

Добивај вести на Viber

„Дебела си, треба да си среќна што сум со тебе“

„Од првиот училишен ден секогаш бев најголема во класот и тежев колку наставникот, а не како моите врсници. Сите во моето семејство се дебели и отсекогаш сум била многу свесна за тоа, така што практично секогаш сум била на диета, секогаш без успех. Се навикнав на навреди на сметка на моето тело и се плашев од предметот физичко образование бидејќи нема да можам да го правам тоа што го прават моите врсници.

Бев многу повлечена поради тоа. Потоа дојде средното училиште и ми се чинеше дека јас сум единствената од сите девојчиња со прекумерна тежина. Ми велеа дека сум „свиња“. До средно училиште секогаш бев најдобар ученик. Меѓутоа, како што растев, така се зголемуваа и навредите што ги слушав за себе и целосно ја изгубив самодовербата. Веќе не добивав петки. Бев подготвена на се‘, само некој да ми покаже малку внимание. Имав момче кој постојано ми велеше: „Имаш среќа што сакам да бидам со тебе, навистина си огромна“. Мислев дека никогаш нема да бидам среќна во животот, ниту ќе најдам некој кој ќе ме сака целосно“, пишува инфлуенсерката Елизабет Вајс.

„Годините минуваа и следеа ментални кризи кон крајот на средното образование. Ми беше дијагностицирана клиничка депресија, страдав од анксиозност и имав самоубиствени намери. Имав напади на паника неколку пати на ден, понекогаш дури и се онесвестив. Постојано мислев дека ми се оштетени телото и умот, дека нешто не е во ред со мене. Изгубив секаква надеж и се изолирав од сите. Тогаш моите родители ме испратија на терапија која траеше осум недели. Почнав повторно да функционирам полека. Кога се вратив на училиште, почнаа гласини дека имам нервен слом и сите ми велеа дека не требало ни да се вратам.


И тогаш, во тој период, добив барање за следење на Инстаграм од едно момче по име Дарио. Го прифатив и сите фотографии ми се допаднаа. Почнавме да се допишуваме, а потоа разменивме телефони. По два месеци секојдневна преписка, ме покани на состанок и конечно ја најдов среќата.


Дарио ме сака таква каква што сум. Ме носеше на секој преглед и со мене одеше на психијатар. Секогаш ме потсетува колку сум силна и убава. Тоа е подобро од било кој антидепресив. Не ми дозволи да се чувствувам лошо бидејќи бев двојно потешка од него. Го исмеваа поради односот со мене, а најлошите навреди беа упатени кон мене, но тој не обрнуваше внимание на тоа. Мојот живот конечно стануваше подобар. Сепак, продолжив да се прејадувам. Јадев тоа што ќе го изедат 10 луѓе. Еден оброк би бил 5 крофни, 10 стапчиња моцарела, 4 чоколади, кинеска брза храна, 10 пилешки медалјони, помфрит и милкшејк. Продолжив да се здебелувам и станав морбидно дебела. Ја гледав емисијата „Мојот живот со 300 килограми“ и се прашував кога ќе завршам таму. Плачев и му реков на Дарио дека сакам да ослабам, но никогаш не се трудев. Ми велеше дека веќе сум совршена.

Следеа здравствени проблеми поради дебелината - дијабетес, дигестивни проблеми и синдром на полицистични јајници. Имав само 21 година и телото ми се распаѓаше и јас бев виновна за се‘. Секој лекар ме предупредуваше дека морам да ослабам, но јас ништо од тоа не сфаќав сериозно.

Тогаш на Фејсбук забележав дека девојката што одеше во средно училиште со мене изгледа фантастично. Ја сподели својата храна и покажа како изгледа, а потоа видов дека има посебен профил на Инстаграм поврзан со храната. Тоа ме инспирираше. На 1 февруари 2018 година отидов во теретана и во програмата Weight Watchers, каде што беше и таа девојка. Веќе во првата недела ослабев шест килограми и не се откажав од ништо.


Дарио повторно беше со мене. Бараше рецепти со мене, смислуваше што да готви, ме охрабруваше додека вежбав. Кога ги изгубив првите 30 килограми, сама отворив профил фитнес Инстаграм за дополнително да се мотивирам и да ги мотивирам другите. Таа заедница на Инстаграм целосно ме прифати и наеднаш имав и пријатели! Седум месеци подоцна, бев полесна за 45 килограми. Всушност, бев толку успешна што се вработив во Weight Watchers. Денес на Инстаграм имам 36.000 следбеници со кои споделувам се што сум научила. Работам со големи брендови како инфлуенсер и никогаш не сум бил посреќна. Работам две работи и одам на факултет и имам енергија и волја за се‘.


Фото: Инстаграм

Ослабев 108 килограми и останав без бубрег: Неверојатна трансформација скапо ја чинела оваа девојка