Монте Карло, луксузни хотели, гламур: Детали од бајковитата свадба на Никола Пишек и Видоје Ристовиќ

Вчера јавноста ја слушна веста за ненадејната смрт на Видоје Ристовиќ, сопругот на водителката Никола Пишек.

Видоје Ристовиќ потекнува од богато и угледно семејство, а на медиумите им стана познат по свадбата со убавата хрватска водителка Николина Пишек.

Сите беа изненадени од трагичната вест за неговата смрт, а водителката набрзо од Загреб пристигна во Белград. Ова семејство живееше прекрасно и среќно, а нивната бајка започна во 2013-та година на луксузна венчавка во Монте Карло.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Самата венчавка го привлече вниманието на бројни странски медиуми, бидејќи тоа беше настан што ретко кој од нашите простори можеше да си го дозволи. Николина и Видоје поканија 70 гости на кои им беше платен авионски превоз и хотелско сместување.

Свадбата на Никола Пишек беше вистинска бајка каква многу девојки замислуваат.

Невестата блесна во венчаницата на американската модна дизајнерка Моник Лили, додека нејзината рака ја красеше веренички прстен од „Картие“ опкружен со дијаманти. Видоје носеше одело со потпис на Диор.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


- Сите гости беа сместени во „Метропол“. Во доцните попладневни часови на 2-ри септември, речиси сите бевме тука, освен неколкумина кои дојдоа следниот ден да присуствуваат на свадбата и на прославата покрај базенот. По свечената вечера во ресторанот „Ќипријани“ отидовме во казиното „Монте Карло“. Претходната вечер, кога бевме само ние двајца, Видоје имаше среќа. Следниот ден најмногу загуби машкиот дел од друштвото, а јас добивав. Сè на сè, кога ќе се собере и одземе, јас и Видоје се коцкавме две вечери и бевме „нула“. Следниот ден сите имаа слободно време, до вечерта, кога беше закажан коктел покрај базенот на хотелот, пред свадбената церемонија - изјави Пишек по повод венчавката.

Николина истакна дека имала проба со матичар, на која присуствувала само таа и ги глумела Видоје, кумовите, но и самата себе, а нагласи дека немало потреба од тоа, затоа што најубавите работи и биле оние што се случиле спонтано.


- Моето куче Артур почна да завива токму во моментот кога матичарот ме праша дали го земам Видоје за сопруг, што ги насмеа сите гости. Инаку, сè помина без проблеми, иако бев во паника дека нешто ќе згрешам или ќе кажам нешто лошо. Целата церемонија се одвиваше на англиски јазик, па говежбав изговорот да биде што е можно подобар, иако имаше шармантни пропусти кои беа убави и забавни - изјави тогаш водителката.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


Овој хармоничен пар неодамна планирал да се всели во реновирана луксузна вила во Загреб и да ужива во воспитувањето на нивната ќерка Уна Софија, но голема трагедија ги поремети сите планови.


Извор: glossy.espreso.co.rs